Здравствените работници од Општата болница во Велес се вакцинираат против Ковид-19 во модуларната болница при Инфективна клиника во Скопје.
Вкупно 84 здравствени работници од оваа јавна здраствена установа кои веќе една година се вклучени во борбата со Ковид-19, во текот на денешниот и утрешниот ден ќе ја примат вакцината против Ковид-19, изјави портпаролот на болницата, Елеонора Јованова.
Во Здравствениот дом во Велес, како што информира за МИА портпаролот д-р Василка Пановска Поп Стефанова, денеска се прави список на здравствени работници од оваа јавна здравствена установа, кои сакаат да бидат вакцинирани против Ковид-19.
Тие ќе бидат вакцинирани во наредните денови. Инаку многумина од нив од кои дел се од Службата за итна медицинска помош, кои ја прележале болеста и стекнале имунитет сега нема да се вакцинираат, појасни д-р Пановска Поп Стефанова.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.