Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Охрид во координација со Секторот за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи денеска ги лишиле од слобода К.А.(33), А.Н.(33) и С.К.(33) од Охрид, откако при претрес во нивните домови во село Долно Лакочереј, извршени со судска наредба, пронашле и одзеле марихуана и стебла од растението Канабис сатива.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.