Со пакетот од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини, што ни пристигна денес од Србија, започнува процесот на имунизација од КОВИД-19 во Северна Македонија.


Ова е израз на пријателска и соседска подадена рака за поддршка и прва помош за македонските граѓани додека да стигнат вакцините што Владата на Република Северна Македонија ги обезбеди преку механизмот КОВАКС и директно преку производелите Фајзер и Синофарм.
Вакцините од Србија ќе влезат во Националниот оперативен план за вакцинација што Министерството за здравство веќе го објави и кој постојано ќе се ажурира согласно динамиката на пристигнување на останатите договорени вакцини. Утврдени се и приоритетните групи за вакцинирање.
Уште еднаш упатувам голема благодарност до српскиот народ, до претседателот
Aleksandar Vučić
и до премиерката Брнабиќ, што како израз на драгоцен чин на пријателство, Република Србија денеска солидарно споделува дел од своите вакцини со народот на Северна Македонија.

Овој чин ги зацврстува и им дава светла перспектива на односите меѓу Србија и Северна Македонија, кои се традиционално пријателски. На овој убав ден посакувам и повикувам на сечив придонес, за да биде мир, здравје и љубов на Балканите.-напиша премиерот
Зоран Заев на Фејсбук.