Зоран Заев ги остави фирмите без реална помош. 5 тиот пакет на мерки нема да ја крене економијата, туку само ќе го забрза колапсот.
Иако власта даде 350 милиони евра за економија од ветените 1.2 милијарди, нема никаков ефект. 55.000 луѓе останаа без работа.
Државата е задолжена, а никој не знае каде отидоа околу 900 милиони евра, пари кои беа ветени како мерки, но не легнаа ниту кај граѓаните, ниту кај стопанството.
Економијата колабира. Имаме пад на извозот и пад на БДП. Падот на Бруто домашниот производ во вториот квартал од 2020 година е поразителен, иако нашата земја не спаѓа во групата земји во кои туризмот игра значајна улога во создавањето на БДП, како што се медитеранските земји, Хрватска и Грција, од 38 економии за колку што постојат податоци, а само 9 имаат повисок пад на БДП од Македонија во вториот квартал на 2020 година, а 28 земји помал.
Мерките на Заев очигледно не се насочени за помош, тие не се правилно димензионирани и не го постигнуваат посакуваниот ефект.
Од мерките остануваат само пресовите на Заев, на кој гледајќи преку розеви очила ја убедува јавноста колку економијата блеска, додека фирмите се дават во долгови, сметки, се во претплата на данок на добивка и ДДВ.
Бројот на разводи во однос на претходната година пораснал за 30%.
Пациенти со месеци чекаат за магнетна резонанца, мамографија, обичен рентген, неодложни операции, терапии, инсулин.
Во 2020 година неофицијално се регистрирани над 1400 обиди за самоубиство. Труење со хемикалии, предозирање со дрога, лекови ил алкохол, или комбинации од сѐ.
Етничките тензии се засилуваат со небулозните барања на коалиционите партнери на Заев.
Министерот за локална самоуправа излегува со изјава на национална телевизија дека: Мораме да го менуваме законот за локална самоуправа каде ќе им ги врземе рацете на градоначалниците да не можат да ги банкротираат општините со преголеми вработувања на партиски војски или пак роднински и пријателски вработувања, затоа што сега сме сведоци дека има по 10 правници во комуналните претпријатија а за адвокатски услуги пак плаќаат адвокатски канцеларии!-директно признание за голема корупција и непотизам.
Целото опшество е во ситуација на биполарно нарушување во кое 3% живеат богато и раскошно, 10 % земаат државна плата, а се друго кое не се бави со криминал и дрога живее на работ на егзистенција и самоубиство.
Впрочем и пред мерките Зоран Заев им најави на бизнисмените што мисли за нив:
Зочо со порака „сакаш да се ебеш ама нејке да ти влезе“! Типов е нуклеарно глуп! pic.twitter.com/OGdnH415gl
— Charles Boycott (@JohnnyParka) February 16, 2021
Дневни новости се оградува од коментарот за премиерот на твитер профилот.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.