УХМР соопшти дека продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.
Утре минималната утринска темшература ќе се движи од -3 до 3 степени, а максималната дневна ќе достигне 20 степени.
Во четврток дневната температура ќе биде максимум 19 степени,а во петок и сабота 20. Во недела ќе има постепено намалување, на 16 степени, додека за понеделник се прогнозираат максимални 14 степени.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.