Легендарниот македонски филм во хд ремастерирана верзија, уживајте и смејте се до солзи.
Викенд на мртовци е македонски филм–комедија од 1988 година, режиран од Коле Ангеловски, со Владимир Ангеловски – Дади, Ѓорѓи Јолевски, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски и Благоја Чоревски во главните улоги. Филмот е екранизација на театарска пиеса [1] од Миле Попоски [1] и е последниот снимен во Вардар филм во рамките на СФР Југославија.[2] Добитник е на две награди на Фестивалот на филмска комедија во Голубац – „Златна Рипка“ за режија на Коле Ангеловски и трета награда од публиката за најдобар филм.[3]
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.