Спектакл: Заев го предизвикува Бранко на двобој за лидер на СДСМ! Дали е сигурен во тие што ќе гласаат или тие што ќе ги бројат гласовите?!!!

Нормално дека може и експретседателот на СДСМ, кој беше и поранешен претседател на државата да биде кандидат, изјави премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за Трилинг на ТВ 24.

Нормално дека може и експретседателот на СДСМ, кој беше и поранешен претседател на државата да биде кандидат, изјави премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за Трилинг на ТВ 24.

Заев најави дека е можно „и фракцијата на Бранко Црвенковски“ да победи на конгресот на СДСМ, закажан за 21 март.

Сите социјалдемократи ќе го бираат својот претседател, секој што сака да оди да гласа. Прво, треба само да се регистрираат дека ќе гласа и да гласа на тој датум. СДСМ на 21 март, на денот на пролетта ќе има непосредно гласање внатре во својата партија, рече Заев.

Тој додаде дека секој може да биде кандидат за претседател, што ги исполнува условите на правилникот и статутот.

Заев му “фрли ракавици” на Црвенковски и го повика на “двобој” пред членството на СДСМ. Долу кажаното во превод значи:
Ајде Бранко, охрабри се и дојди, пробај да ме победиш бидејќи се оградуваш од моите политики. Нека одлучат членовите на партијата кој сакаат да ги води”.
И навистина сега не одлучуваат 400, 500 или 600 делегати, па кој ги избрал, како ги избрал, чии луѓе се, и слични игранки. Одлучува цело членство кое сигурно е побројно од 100.000 членови.
Бранко или ќе прифати и во негов мачо стил ќе излезе и ќе се обиде да го победи и да ги освои гласовите на членовите на партијата која долго време ја водеше или “ќе си ја собере опашката” и “ќе му фрли бела крпа на Заев”.
Трето нема.
Капиштец или Муртино, прашањето е сега?!
“Државник или предавник?!”-вели народот кој ќе биде во право и ако згреши.
За жал, овој народ само од грешка во грешка влегува.

 

Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.

Поврзани Содржини

Следна Содржина

Рубрики

Можеби сте пропуштиле

Одбрано за вас

Најнови содржини