Извесна Ф… на фејсбук направи карамбол со својот недостоен морален и етичен чин кон една жена, едно семејство, ставајќи ги сликите од неа и нејзиниот “неверен” сопруг на Фејсбук со законски непотврдени обвинувања.
Во нормалните опшества социјалната мрежа не служи за уништување на нечии животи. Кој гарантира дека зборовите на Ф…. се вистинити, и дека навистина се се случило. Што станува ако се работи за клевета, за измислена приказна со намера да му се наштети некому. Што ако ова е класична “лажна вест” и подмолна намера. Ако се работи за неверство, тоа требало да се реши во директна средба, со докази, евентуално на суд, не на Фејсбук. Ако се решаваат сите швалерски, должничко-доверителски и други специфични односи пред судот на лажната јавност, влеговме во анархија и многу уништени животи.
Ф…. вели(цитираме):
Здраво другари. Ова е господинот С….. кој се оженил пред еден месец, ама има очајна потреба од друга матка, која не е во сопственост на жена му. И пред да помислите дека јас му го растурам бракот, треба да знаете дека тој сам си го растура, непокажувајќи ни минимум почит према таа што ја однел пред матичар и у црква. Да дечки, месец дена е женет. И му се е.е со други. Не е 25 години женет. Факинг еден месец. Каде умре лојалноста во 21 век? Кој систем на вредности го имаме? Промискуитет и разврат. Животински нагон, а требаше да бидеме над животните нели, бидејќи природата нè дарувала со разум. Ми се блуе. Немојте да мислите дека баш вашиот маж или дечко не е ваков. Од 100 жени кои ќе речат дека нејзиниот не е ваков, само 1 или 2 се у право. Па подобро е цел живот сама, отколку со некој чија кошула ќе ја пеглам за да го испратам на е.ење кај швалерката, а за возврат ќе ми донира сперма која ќе произведе деца. Ваквиот маж се вика инвитро без пари. И ќе глумам дека сум среќна пошо сум мажена, ќе глумам среќно семејство, за другите да мислат дека ми е добро. Не бе, не сакам фејк живот. Па и пет деца да имам со ваков и да немам кај да одам, пак ќе го шутнам, затоа што не сум психо без достоинство и карактер. Затоа што секоја што ќе остане со ваков дебил, под изговор ради детето е личност која ниту себе се сака, ниту пак ја гледа благосостојбата на детето на долгорочни стази. Дете во атмосфера каде владее неверство и нетрпение не може да израсне во среќна личност, колку и да се добри како родители. Лошата енергија се чувствува и влијае врз децата. Затоа ваков кретен би бил избришан како партнер од мојот живот во дел од секунда, а улогата на татко сепак никој не може да му ја земе.
А ако е во право, и се ова е вистина, нејзината разочараност и суета повредена, тогаш лекцијата мораше да му ја одржи без сликите од недолжната сопруга. Ефектот ќе беше ист.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.