Иван Исцелител важи за македонски и балкански Саи Баба. Човекот кој лебди, кој ги заспива луѓето, кој гледа во минатото и иднината и ја предвидува сегашноста важи за еден од најдобрите бели магови на планетава после неколку српски кои се ненадминати.
Иван отсекогаш имал феноменални пораки за населението, со кое го подигнува јавниот морал во време на тешки кризи, како што се: “Ќе оздравиш кога ќе бидеш здрав”, “подобро да се биде мртов пијан отколку мртов трезен”, “северна Македонија е на север од Македонија”, “јас не гледам во иднината затоа што иднината е утре, а утре ене каде е”.
Сите овие големи мисли им помагаат на луѓето во нивното ментално здравје. Иван Исцелител е прекрасен човек на кој не му фали контактот со луѓето затоа што може и онлајн да помага, а веројатно можете и онлајн да му оставите некој денар на наткасничето.
Македонија не го заслужува Иван, затоа што Иван е многу погоре од Македонија. Иван е бренд, а Македонија е нашата земја, вашата земја, на Трпе земјата, пријателска земја на Чехословачка, земја која сака да стане прва во Корона трката во светот. Тука Иван се понудува со една од најголемите реченици на столетието.Бидете добро, ако не ви летнало веќе пилето.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.