Салата Македонија е играно-документарен филм за Македонија како симбол на мултикултурата, едното опшество за сите, јазичната интеграција и заедништвото низ призмата на македонската кујна. За жал, во однос на сегашната ситуација филмот изгледа како добра научна фантастика. Извонредна приказна за патешествието на Германецот Ден Боровски низ Македонија и средбата и гостопримството од народот, од прифаќањето на седумтте фамилии(македонската, албанската, ромската, српската, бошњачката, турската, влашката), од настаните и природните убавини на Македонија.Предвесник на Хониленд. Филм со многу реакции од народите кои не негираат како народ, идентитет и нација, но филм кој ќе остане во архивите како сторија за тоа што требаше да станеме. Одличен филм на Оливер Ромевски кој досега бил на неколку фестивали, а се прикажувал и по македонските телевизии. Ексклузивно можете да го гледате тука:
https://www.facebook.com/Dnevniagencija/
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.