Претставници на Мотоциклистичката федерација и мото клубовите „Ноќни волци“ и „Но лимит“ денеска одржаа работна средба со началникот на секторот сообраќај на униформираната полиција во БЈБ Дејан Трајковски и претставници на МВР на која се разговарало за новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот.
На состанокот, како што соопштија од МВР, била презентирана и статистика за бројот на сообраќајни незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а било договрено заеднички да се преземат активности за оваа бројка да се намали.
Учесниците на состанокот предложиле унапредување на соработката меѓу надлежните служби во МВР и претставниците на мотоциклистите, како и да се организираат заеднички едукативни кампањи со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено оние со потешки последици.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.