
На здравје бричење и кратко потшишување, БЕБО – ало началнице, стана магионичар, никаде го нема, ниту под дрво – ниту под камен!

Одреден му бил куќен притвор, ама човекот си има повеќе куќи, некои се’ и вон границите на Севернава дивоградба!

Му се можеше и сеуште му се може! Онака од плата и со штедење – домаќински си стануваш сопственик – косопственик на цела Северна, плус и едно трошно хотелче на плоштадот МАКЕДОНИЈА!

И сега сите се као паднати од Марс, невини душички, ништо не знаат, онака по втор пат исто сценарио им се случува, исто од А до Ш, и сите се затечени! Не се дел од сценариото, НЕ НИКАКО, како може такво нешто да помислите, ви се молам?!

Кого бре, бандо хоштаплерска и ретардирана вие заебавате, кого?! После свадба тапани, покренале потерница, за тоа ви беше театарот на плоштадот вчера со оние циркузантите за вонреден конгрес, за тоа цело време спинувавте и дефокусиравте? Сите сте криви, сите до еден, од власт до масмедиуми, и платени – кобајаги независни партал порталчиња, СИТЕ!

Ако има народ, кој за наша жал го нема, сега во одсуство на овие бандитиве, во ќорка треба да завршат Заев, Спасовски, Десковска, Маричиќ, Русковска и компанија, за памет на сите други после нив! Не сте способни и да не излажете, фејк глумци, не ве бидува ниту за статисти!

А онаа теткана, што пред некој ден ни држеше предавање, дека пописот не смее да се одложи и дека избори не смее да има, веднаш да се протера од државава со уште некои амбасадори слични неа, ако има домаќини на дивоградбава! Ако сакаме држава да имаме по наша мерка! Еднаш да застанеме на здрави нозе, и да ги земеме работите во свои раце!

Ако има народ, вклучително и оние кои рушеа режим пред неколку години, отворете уста зуцнете, кажете ДОСТА Е, додека не прават морони, идиоти и криминалци со тапија, од злосторничкото здружение Северна.

Ако има народ се’ ќе им се заплени се’, сите сметки ќе им се блокираат, па нека живеат и тие и нивните принцови и принцези од воздух, со молчење ова зло нема да заврши, нема само од себе да исчезне, нема!

Некој добар чичко, нема да дојде да не ослободи, и животот розев да ни го направи со волшебно стапче, до кога ќе молчите побогу, до кога! Не се работи за “наши” и “ваши” се работи за мене и тебе, за НАС.
До толку ли не ви грижа, што ќе им оставате на чедата свои, до толку ли е тешко да се одлепите од удобниот кауч и фотеља, поважба ли ви е работата – работното место и фотељата, од ИДНИНАТА на вашите деца, до толку ли сте себични и кратковиди?! Ние сме мнозинство, и во нас е моќта, само ако посакаме и се охрабриме!

“Нема правда, нема мир” додека невини лежат во зандани, а криминалци и хохштаплери шетаат слободно! “Нема правда, нема мир” додека новинари се судат и лежат затвор. Се протестираше и маршираше за Кежаровски, ама за Митовски ви чуе Стојко! Со двојни аршини, далеку сме од паметот, и од правда, правна држава и демократија!

Ало началниче, се тужеше и судеше со новинари, не смееше името да му се спомне, ама и Бошко Буха – “одозгора на тога”, оној кој не ослободи од режимот, тргнал по стапките на ортакот свој!

Молчете, ако ви е убаво, дури можете и ви биде дозволено! Додека вие или некој ваш близок не биде загрозен! Ама не заборавајте дека молчењето е и одобрување, соучешништво во злото!