Во големата акција на БЈБ при МВР на РСМ која беше спроведена синоќа во Кичево ,уапсените се браќа од Кичево кои важеле за недопирливи,а кој го тероризирале цела Општина кичево и пошироко. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои биле уапсени на булевар во центарот на градот. Ариф поранешен припадник на полицијата, кој во 2017-та година бил избркан од МВР поради користење на хероин.
Двајцата браќа подолго време ги тероризирале граѓаните на Кичево, важале за доста брутални, па често нивна мета на закани биле и локални полицајци. Ариф бил познат како “Недопирливиот Папа”.
Во брза и ефикасна акција на специјалците биле уапсени пред очите на граѓаните на Кичево кои со аплауз ја поздравиле акцијата. Во претресите се пронајдени големи количини на пари и дрога.
Браќата во извесен временски период се стекнале со големи куќи, скапи автомобили и многу пари кои биле стекнати на нелегален начин.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.