Почна поставување канализациска мрежа во должина од 450 метри на улица „5“ и крак на улицата во населеното место Петровец.
Финансиските средства, како што соопшти Општината, во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и изнесуваат околу 1.500.000 денари.
Проектот се очекува да заврши во период од 20 до 25 денови, доколку временските услови го дозволуваат тоа, се наведува во соопштението.
Вакви и слични градежни активности, додаваат, ќе продожат и во наредниот период во сите населени места на територијата на Општина Петровец.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.