Вчеравечер на 60-годишна возраст во Копривница почина Златан Сарачевиќ.
Сарачевиќ е носител на златен медал со Хрватска од Олимиските игри во Атланта 1996 година, а беше дел и од репрезентацијата на поранешна Југославија која го освои третото место на ЛОИ во Сеул 1988 година.
Смртта на Сарачевиќ најверојатно е предизвикана од срцев удар. Тој по вчерашниот меч меѓу Копривница и Подравка бил пренесен во болница, откако се пожалил на тегоби. Иако се обидувале да му го спасат животот, лекарите не успеале да го реанимираат.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.