Јорданов: “Имa тaков нaрoд” нема да прави коалиција со партиите за статус кво
Софија, 4 април 2021 (МИА) – Заменик претседателот на, од вечерва, втората политичка сила во Бугарија, „Постои таков народ“, Ташко Јорданов, по завршувањето на денешните парламентарни избори во земјата изјави дека луѓето на побараа промени, затоа што досегашното статус кво натаму не ќе може веќе да опстојува, јавува дописникот на МИА од Софија.
Јорданов кажа дека нивната партија ќе го исполни ветувањето дека нема да се коалицира за статус кво.
–Ние нема да коалицираме со ГЕРБ, БСП, Движењето за права и слободи и оние на војводата шкембар. Ние, за разлика од нив, не лажеме, рече Јорданов во коментар за телевиизјата 7/8 на Слави Трифонов.
Јорданов дури рече дека ако се постигне нов избор на влада, тогаш ќе следат нови избори во Бугарија. нк/сд/
2021-04-04 22:58:37, од Николај Крстев
ЦИК на Бугарија: По преброени 54 отсто гласови, води ГЕРБ на Борисов со 24,88 отсто, а следи „Има таков народ“ со 18,74 отсто
Софија, 5 април 2021 (МИА) – По обработени 54,63 отсто од протоколите од избирачките места во Бугарија, коалицијата предводена од премиерот Бојко Борисов ГЕРБ – СДС има 24,88 отсто од гласовите на изборите за новиот бугарски парламент, објави Централната изборна комисија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов „Има таков народ“ доби 18,74 проценти и ја одржува тенденцијата да биде втора политичка сила во Бугарија по вчерашните парламентарни избори во земјата.
БСП на Корнелија Нинова доби 14,91 процент од гласовите, а „Демократска Бугарија“ на поранешниот министер за правда Христо Иванов 10,53 проценти, Движењето за права и слободи на Мустафа Карадаи 8,99 отсто, а „Исправи се! Мутри излези!“ на поранешниот народен правобранител на Бугарија Маја Манолова доби 4,98 отсто, што е мало зголемување во споредба со првите резултати минатата ноќ.
Според податоците на Централната изборна комисија, ВМРО засега не влегува во следното Бугарско национално собрание затоа што не го поминува прагот од 4 отсто, односно има – 3,55 проценти од гласовите. Под прагот остануваат партијата на најбогатиот бугарски бизнисмен, кој се крие од правдата во Дубаи – Васил Божков, чија формација БНО доби 3,14 отсто, како и партијата „Преродба“, која има 2,79 проценти од гласовите. нк/ссм/
2021-04-05 10:07:27, од Николај Крстев
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.