На 22.02.2021 во 15.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, тетовско, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.
Од МВР денеска информираа дека тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка.
На 22.02.2021 на автопатот Штип – Миладиновци (од клучка Кадрифаково до клучка Преод), полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Свети Николе спровеле акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани 15 прекршоци и на возачите им биле изготвени прекршочни платни налози. Санкционирани биле и три останати прекршоци.
Во денешното соопштение од МВР стои дека вчера во 04.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(21) од Казахстан било констатирано дека на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест. Таа била приведена и задржана за понатамошна постапка.
На 22.02.2021 околу 17.50 часот, во гостиварска Топлица, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 26-годишниот М.М. од Република Албанија, кој го злоупотребил туристичкиот престој, односно престојувал спротивно на целта. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.
На 22.02.2021 во 05.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, при проверка на Е.С.(48) и А.С.(46), двајцата од Кoсово, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови. Тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка.
На 22.02.2021 на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Радовиш била спроведена контрола на техничка исправност на возила кои вршат јавен превоз на патници, при што 8 возила биле упатени на вонреден технички преглед. Кај три од возилата била констатирана техничка неисправност на уредот за запирање и тие биле исклучени од сообраќај. Исто така, биле констатирани и 13 останати прекршоци. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.
На 22.02.2021 во 07.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“- Скопје, при проверка на Г.Х.(50) од Турција било констатирано дека на увид приложил фалсификуван негативен ПЦР тест. Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.
На 22.02.2021 на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Гевгелија била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 5 прекршоци и на возачите им биле изречени соодветни санкции. Констатирани биле и 3 останати прекршоци.
На 22.02.2021 во 08.40 часот во Полициската станица Центар, Ј.Б.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.
На 22.02.2021 во 11.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.П.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Јабланица“ била касната од куче скитник.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.