Бутнат со главата на задното седиште го барав шишето за дезинфекција што сабајле ми беше паднало додека препаркирав за да го фатам на комшијата местото, кога слушам некој ме вика одзади. Се исправив, кога гледам другар ми Бајруш на неговиот коњ, сивецот Џинго.
-Од кај сега па ти дојава, БАЈРУШ?!
-Од дома бе брат, шо си се натртил тука, ќе те залепи некој од комшииве на удолница!
-А ти шо си се разјавал без таблици и дозвола по сред Карпош?!
-Аии, брат таман се собирав со чезата и шишињата дома, кога Неџмие ми вика, се јавуел Насер братучед ти, дали ќе одиш кај него у кабловска да глеаш Македонија-Косово?!
-Е па оди, јас колку што знам Насер живее кај тебе таму во Злокуќани, а ова карши е Партизанска?
-Па тоа бе брат ти кажувам, го зимав целиот пазар од денеска, 500 денари од пластиката, се качуев на Џинго и бев да уплатам у Златна Копачка на победа за Македонија!
-Па ти не си нормален, му викам јас, зема цел пазар од денес и го уплати на Македонија?
-А бе Баци, јас ја сакам Македонија, го сакам Пандев, Тричковски, Барди, Хасани, а Алиоски ми е усрце! И за Елмас многу ми е криво, ќе пукнам!
-Бајруш, шо ќе носиш на децата за јадење?
-Ќе седиме гладни, само нека тепа Македонија, сум сонувал ноќеска дека сме тепале 2:1, сум ги ставал парите на тој резултат! Кога ќе тепа, после ќе јадиме! Една е Македонија! а јадење има секој ден!
-Мислиш Северна?
-Македонија брат, само Македонија! Мене ми е секогаш северна, ноќе никогаш не ни било топло! Цел живот сум надвор, цел живот ми е северна!
-Слушај, дај да го сликам ливчето и да го објавам, плаќам петсто денари!
-Аааааа, па да ми ја земаш среќата!
-Не бе брат, ливчето нека ти остане, сега и јас ќе одам да бапнам едно, петсто денари за сликање, фер!
-Ама да го ставаш у македонските бои!
-Така е Бајруш, у македонските!
Се исправив, извадив од џебот петсто денари и му ги дадов на Бајруш, кого го знам од дете. Го сликав ливчето и го ставив во македонските бои, еве ви го да го видите. Бајруш како ДОЈАВА, така ОДЈАВА!Срцето му чука за Македонија. Неговата и наша Македонија! На сите нас!
Напред Македонија! 2.1 Доста е!
Дневни новости
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.