Премиерата на првиот македонски филм во жанрот еротска комедија „Мејкинг оф“ се одржа на 6 септември 2018 г. во во кино салата „Синеплекс“.

Филмот е проект на продуцентската куќа „Аурипигмент“ од Скопје, според сценарио и режија на Кузман Кузмановски.

„Мејкинг оф“ играше на редовниот репертоар во „Синеплекс“ и низ кино-салите ширум Македонија.

Станува збор за интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм.

„’Мејкинг оф’ е вистинска приказна за урбаното живеење во метропола каква што е Скопје. Главни ликови се Соња, Продуцентот, Гратисот и Режисерот.

Сите имаат различна мотивација – зошто сакаат да го снимат филмот. Испреплетени се во страсни врски и сета младешка енергија подгреана од асфалтот ја насочуваат во сексот. Но, дали е тоа доволно? Од филмот ќе откирете дали во тој општ галиматијас има место за љубов?“, вели режисерот Кузмановски.

Кинематограф на филмот е Марко Петрушевски, а актерската екипа ја сочинуваат: Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Хана Менсон, Дубравка Киселички, Катина Иванова, Љупчо Бојковски, Лазе Манасков, Пирунка Киселички, Мартин Минговски и починатиот доајен на македонското глумиште Ванчо Петрушевски.
https://youtu.be/W0CHwXynwUA
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.