Доколку масовната вакцинација против Ковид-19 во Европа не заврши како што е планирано, поради недостигот на вакцини, тогаш ќе се соочиме со голем проблем, тврди примариус доктор Масимо Гали од болницата во Милано.
Според него, ЕУ треба да размислува за резервна варијанта во борбата против пандемијата на коронавирусот, доколку компаниите кои ги произведуваат вакцините не го испорачаат договореното количество.
Мораме да размислуваме за излезна стратегија која ќе ни гарантира алтерантива доколку навреме не се спроведе масовната имунизација, нагласи професорот Гали.
На предлозите Италија да се обиде да произведе сопствена вакцина против Ковид-19, професорот истакна дека производство на лек не е работа која се завршува за еден или два дена. Тој смета дека вакцината би можела да биде план Б, но за тоа требало да се размислува порано.
Само масовната вакцинација е вистински пат, изјави доктор Гали.
Италија ги употребува вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и АстраЗенека, чија набавка е договорена во рамки на заедничкиот план на ЕУ. Поради намалените испораки на дозите од сите вакцини, државниот план за имунизација на населението доцни.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.