Дневни Новости
Регистрирај се
Мој профил
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
    • ОПШТЕСТВО
    • ПОЛИТИКА
    • КОЛУМНИ
    • ОПШТИНИ
  • СВЕТ
    • БАЛКАН
    • ЕВРОПА
    • ДРУГИ РЕГИОНИ
  • БИЗНИС
  • МАГАЗИН
    • ВИДЕО
    • БИБЛИОТЕКА
    • ЖИВОТ
    • КУЈНА
    • ИСТРАЖУВАЊЕ
    • МЕДИЦИНА
    • КУЛТУРА
    • НАУКА
    • ФИЛМ
    • ФОТО
    • ДЕНОТ НИЗ ГОДИНИТЕ
    • ДНЕВЕН ХОРОСКОП
  • СПОРТ
    • КОШАРКА
    • ОСТАНАТО
    • РАКОМЕТ
    • ТЕНИС
    • ФУДБАЛ
  • ХРОНИКА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • КОНТАКТ
No Result
View All Result
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
    • ОПШТЕСТВО
    • ПОЛИТИКА
    • КОЛУМНИ
    • ОПШТИНИ
  • СВЕТ
    • БАЛКАН
    • ЕВРОПА
    • ДРУГИ РЕГИОНИ
  • БИЗНИС
  • МАГАЗИН
    • ВИДЕО
    • БИБЛИОТЕКА
    • ЖИВОТ
    • КУЈНА
    • ИСТРАЖУВАЊЕ
    • МЕДИЦИНА
    • КУЛТУРА
    • НАУКА
    • ФИЛМ
    • ФОТО
    • ДЕНОТ НИЗ ГОДИНИТЕ
    • ДНЕВЕН ХОРОСКОП
  • СПОРТ
    • КОШАРКА
    • ОСТАНАТО
    • РАКОМЕТ
    • ТЕНИС
    • ФУДБАЛ
  • ХРОНИКА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • КОНТАКТ
Регистрирај се
Мој профил
No Result
View All Result
Дневни Новости
No Result
View All Result
Почетна МАГАЗИН МЕДИЦИНА

КОВИД ВЕСТИ ЕВРОПА:ЕМА ќе испита дали испитувањата на Спутник В се во согласност со стандардите

ЕМА ќе испита дали испитувањата на Спутник В се во согласност со стандардите

април 7, 2021
во МЕДИЦИНА
2 min read
КОВИД ВЕСТИ ЕВРОПА:ЕМА ќе испита дали испитувањата на Спутник В се во согласност со стандардите
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Европската агенција за лекови (ЕМА) следната недела ќе почне да истражува дали спроведените клинички испитувања на руската вакцина Спутник В против Ковид-19 се во согласност со глобалните клинички и научни упатства, информира денеска „Фајненшл тајмс“.

ЕМА ја спроведува анализата во време кога луѓето кои се запознати со процесот на одобрување на вакцините, за „Фајненшл тајмс“ изјавија дека испитувањата на Спутник В не биле спроведени во согласност со етичките стандарди.

Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), за весникот изјави дека „не бил извршен притисок (врз учесниците)“ и оти испитувањата на Спутник биле спроведени „во согласност со клиничката пракса“.

Русија соопшти дека припадниците на војската и државните службеници учествувале во тестирањето на вакцината, што ја изработила државна лабораторија и ја финансирала РДИФ. јт/

Оксфорд паузира со аплицирање вакцини развиени со Астра Зенека врз деца и тинејџери

 

Лондон, 6 април 2021 (МИА) – Универзитетот во Оксфорд престана да им аплицира на деца и тинејџери вакцина развиена со Астра Зенека како дел од студија, во очекување на повеќе информации за случаи на згрутчување на крвта пријавени по вакцинирањето, објави Волстрит џурнал.

ЕМА истражува 44 извештаи за исклучително ретки случаи на згрутчување во мозокот, познато како тромбоза на церебрален венски синус (CVST) и се очекува да ги објави своите наоди в среда или четврток.

Претставник на ЕМА претходно изјави дека постои јасна „врска“ помеѓу вакцината на британско-шведската компанија и ЦВСТ, но дека вистинската причина се уште не е позната.

Оксфорд ќе почека за дополнителни информации од регулаторот за лекови во Велика Британија пред да продолжи да им дава вакцина на деца и тинејџери како дел од истражувањето, изјави портпаролот на универзитетот за Волстрит џурнал.

2021-04-06 21:23:51, од Златко Шумковски

Во Франција поднесена тужба поради смрт на човек по вакцинација со Астра Зенека

 

Париз, 6 април 2021 (МИА) – Семејство на 63-годишен маж кој почина во март во централна Франција од „тромбоза“ откако ја прими првата доза на антиковид вакцината на Астра Зенека, покрена тужба против непознато лице за убиство од небрежност.

Државниот обвинител Анција Вероник Денизо потврди дека тужбата е поднесена. Тоа не е прва тужба во Франција во врска со вакцината на британско-шведска компанија. Во Тулуз беше покрената тужба против неидентификувани лица по смртта на 38-годишна жена, а обвинителството во Нант отвори прелиминарна истрага по смртта на студент по медицина.

Париското обвинителство може да ги разгледа тие тужби како групен случај.

Регионалниот весник Дофин Либере најпрво пишуваше за тужбата за смртта на 63-годишникот. Во написот се наведува дека роднините на починатиот човек посочиле што се случило до Француската национална агенција за безбедност на лекови, која наредила дополнителни информации за да се утврдат причините за неговата смрт. зш/

2021-04-06 20:14:26, од Златко Шумковски

Данска воведе „ковид пасоши“ за внатрешна употреба

 

Копенхаген, 6 април 2021 (МИА) – Данска од денеска почнува со користење на „ковид пасоши“ со цел да им помогне на „несуштинските компании“ повторно да се отворат кон клиентите. Сертификатот за вакцинација е достапен преку мобилна апликација или во хартиена форма.

„Ковид пасошот“ важи за луѓето кои се целосно вакцинирани, биле позитивни на Ковид-19 пред две до 12 недели или имаат негативен ПЦР тест во претходните 72 часа.

Целта е властите постепено да почнат со отворање на економијата во земјата до крајот на мај.

Рестораните, музеите, театрите и кино салите ќе бидат отворени на 6 мај.

До 21 мај, Владата проценува дека ќе има доволно вакцинирани лица на возраст над 50 години.

– Компаниите кои ќе дозволат влез за клиенти без соодветен „ковид пасош“ ќе бидат казнети со 400 евра или 6.000 евра за повторени прекршувања, додека клиентите ќе бидат казнети со 330 евра, предупреди данското Министерство за правда.

Сепак, некои трговци се незадоволни од воведената задолжителна мерка.

Данска е меѓу првите земји во Европа која спроведува ваков систем. Сепак, „ковид пасошот“ не може да се користи за патување, иако Владата се надева на тоа.

Околу седум отсто од 5,8 милиони жители на Данска се целосно вакцинирани, а вкупно 13,3 отсто примиле барем една доза. гт/

2021-04-06 19:50:29, од Габриела Точко

 

Холандија: Влез во музеите и зоолошките градини само со негативен тест на Ковид-19

 

Хаг, 6 април 2021 (МИА) – Холандската Влада ќе почне со отворање на музеите и зоолошките градини овој месец, нудејќи им на посетителите задолжително тестирање на Ковид-19 пред да влезат, соопшти Министерството за здравство.

Тоа е прво олеснување на рестриктивните мерки од последното заклучување во земјата.

Според сегашните мерки, забранети се јавни собири на повеќе од две лица, рестораните можат да продаваат храна за носење, а навечер е во сила полициски час. гт/

2021-04-06 18:55:19, од Габриела Точко

Шкотланѓаните ќе добиваат по два теста за Ковид-19 неделно

 

Единбург, 6 април 2021 (МИА) – Шкотланѓаните ќе можат да добијат тестови за коронавирус двапати неделно, најави шкотската премиерка Никола Старџен, јави ДПА.

Шкотска ја воведе програмата за тестирање еден ден откако Велика Британија објави слична иницијатива, изјави Старџен на прес-конференција во Единбург.

– Ова тестирање ќе ги надополни и ќе се надоврзува на веќе тековните програми за тестирање во приоритетните области. Овој популистички пристап кон асимптоматско тестирање ќе ни овозможи да го процениме влијанието што ова би можело да го има врз натамошното сузбивање на преносот на вирусот, додаде Старџен. Ќе се користат брзи тестови, а властите ќе дадат повеќе информации за ова прашање во текот на оваа недела.

Се уште не е јасно дали тестовите ќе бидат бесплатни или луѓето ќе мораат да плаќаат за нив, јави ДПА. гт/

2021-04-06 17:54:58, од Габриела Точко

Францускиот „Стад де Франс“ е претворен во голем центар за вакцинирање против Ковид-19

 

Париз, 6 април 2021 (МИА) – Францускиот национален стадион е претворен во голем центар за вакцинирање против КОВИД-19, јавија француските медиуми.

Планирано е да се аплицираат 10.000 дози секоја недела на „Стад де Франс“, во северното предградие на Pариз, Сен Дени. Стадионот беше домаќин на финалето на Светскиот куп на ФИФА во 1998 година, каде Французите изјвојуваа историска прва домашна титула.

Друга „икона“ на францускиот фудбал – Стад Велодром во Марсеј (стадион на локалниот Олимпик) – веќе е „домаќин“ на сличен центар за вакцинација.

Целта е да се забрза кампањата за имунизација на земјата за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Центарот во Сен Дени е снабден со дози на вакцини од американските компании Модерна и Фајзер. Тој ќе работи од 9 до 20 часот шест дена во неделата, со половина од инекциите резервирани за жителите на северното предградие на Париз.

Сиромашниот оддел, со околу 1,6 милиони жители, имаше најголема стапка на смртност за време на првиот бран на коронавирус во Франција, и сега има најмногу заразени по глава на жител. зш/

2021-04-06 16:34:36, од Златко Шумковски

Конечниот став на ЕМА за Астра Зенека се очекува в среда или в четврток

 

 

Брисел, 6 април 2021 (МИА) – Според информации објавени во неколку медиуми, Европската агенција за лекови, ЕМА, би требало да се произнесе за поврзаноста помеѓу вакцината Астра Зенека и згрутчувањето на крвта в среда или четврток.

Иако првично ЕМА не утврди поврзаност, шефот на вакцинацијата во оваа агенција во интервју во Италија денеска изјави дека сепак постои поврзаност со тромбозите забележени во бројни земји кои ја користат оваа вакцина.

Комитетот за безбедноста на агенцијата сѐ уште истражува и анализира и за сега не е постигнат конечен став, но оттаму велат дека во среда или четврток може да се очекува заклучна експертска одлука на оваа тема.

Во меѓувреме бројни земји во ЕУ ја суспендираа вакцинацијата со Астра Зенека за лица под 55-годишна возраст. тм/

2021-04-06 15:38:32, од Тања Милевска, Брисел

Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.

Tags: SputnikVakcini
СподелиTweetИспрати
Претходна Содржина

(Ексклузивно)Што мислел БОКИ 13 за покондираните “сељаци”кои подоцна ќе ги одере со рекет-необјавена колумна(видео)

Следна Содржина

Очекувања за исчекор во евроинтеграциите на јунско-јулскиот самит и што поскоро почнување на преговорите

Поврзани Содржини

No Content Available
Следна Содржина
Очекувања за исчекор во евроинтеграциите на јунско-јулскиот самит и што поскоро почнување на преговорите

Очекувања за исчекор во евроинтеграциите на јунско-јулскиот самит и што поскоро почнување на преговорите

Џеф Безос четврта година по ред е најбогатиот човек на светот

Џеф Безос четврта година по ред е најбогатиот човек на светот

Нацистичкиот генерал 12 години работел во западногерманското разузнавање

Нацистичкиот генерал 12 години работел во западногерманското разузнавање

farmahem dijagnostika

И ОВОЈ МЕСЕЦ ЛАБОРАТОРИЈАТА ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ МИСЛИ НА ВАС И ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ.

Рубрики

Imunix Imunix Imunix

Можеби сте пропуштиле

Столе Попов добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, Јануш Зигмунд Камински на „Златна камера 300“

Столе Попов добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, Јануш Зигмунд Камински на „Златна камера 300“

7 месеци ago
Владата со најново соопштение и информации за сите граѓани [ВИДЕО]

Владата со најново соопштение и информации за сите граѓани [ВИДЕО]

5 месеци ago
Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

7 месеци ago
Во Кратово со еко-акција расчистен локалитетот Камени кукли

Во Кратово со еко-акција расчистен локалитетот Камени кукли

7 месеци ago

Најчитани содржини

  • Пет филмови во кои актерите имале вистински се*с!(видео)(18+)

    Пет филмови во кои актерите имале вистински се*с!(видео)(18+)

    0 Споделувања
    Сподели 0 Tweet 0
  • Скопјанка го бувна швалерот сосе слики од жена му на фејсбук?!-каде отиде умот од коронава

    0 Споделувања
    Сподели 0 Tweet 0
  • Ова е главната причина зошто жените стенкаат за време на се*с!

    0 Споделувања
    Сподели 0 Tweet 0
  • Македонски еротски приказни: Го поминав цел ракометен шампионски тим(18+)

    0 Споделувања
    Сподели 0 Tweet 0
  • (Најново) Еве како финансиската помош од понеделник ќе се исплаќа со четвртиот пакет на граѓаните

    0 Споделувања
    Сподели 0 Tweet 0
No Result
View All Result

Одбрано за вас

(Ексклузивно)Што мислел БОКИ 13 за покондираните “сељаци”кои подоцна ќе ги одере со рекет-необјавена колумна(видео)

БАЛКАН:БСП ќе поддржи нова влада, предводена од Слави Трифонов, во коалиција со „Дeмократска Бугарија“ и „Стани. Излези!“

ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР, АРМ, ЈСП И ГРАДИНКИТЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ СО РУСКАТА „СПУТНИК“

Слави Трифонов, реалниот победник на изборите соопшти дека има симптоми на Ковид-19 и е изолиран

Мијалков во Лондон не договарал набавка на опрема за УБК, тврди неговата одбрана

КОВИД ВЕСТИ ЕВРОПА:ЕМА ќе испита дали испитувањата на Спутник В се во согласност со стандардите

Најнови содржини

“Измамник-агент за недвижности”:За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности
ХРОНИКА

“Измамник-агент за недвижности”:За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности

април 10, 2021
0

За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности   Скопје, 10...

ФИЛИПЧЕ:Пикот е зад нас, мерките да се почитуваат и да се остане дома за празниците

ФИЛИПЧЕ:Пикот е зад нас, мерките да се почитуваат и да се остане дома за празниците

април 10, 2021
ДКСК отворила случај за владините хонорарци, ќе ги бара нивните имиња

ДКСК отворила случај за владините хонорарци, ќе ги бара нивните имиња

април 10, 2021
Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки

Нови 1.174 случаи на КОВИД, оздравени 811 пациенти и починати 42 лица

април 10, 2021
НОВ ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Дали преку обложувалници се переле пари?!Проверете си ја даночната пријава!

НОВ ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Дали преку обложувалници се переле пари?!Проверете си ја даночната пријава!

април 10, 2021
Дневни Новости

Дневно-информативен портал
Членка на Советот за етика во медиумите на Македонија

СЕММ СЕММ СЕММ

Импресум

Дел Рио ДООЕЛ

Друштво за филмска продукција и дистрибуција

Адреса: Ул. Петар Драганов бр.4 1000 Скопје Република Македонија

Прочитај повеќе

Потребни линкови

  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Маркетинг
  • Кариера
  • Контакт

Фан страна:

Следете не на социјални медиуми:

  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Маркетинг
  • Кариера
  • Контакт

© 2020 Дневни Новости - Created by LINK-TEAM.

No Result
View All Result
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
    • ОПШТЕСТВО
    • ПОЛИТИКА
    • КОЛУМНИ
    • ОПШТИНИ
  • СВЕТ
    • БАЛКАН
    • ЕВРОПА
    • ДРУГИ РЕГИОНИ
  • БИЗНИС
  • МАГАЗИН
    • ВИДЕО
    • БИБЛИОТЕКА
    • ЖИВОТ
    • КУЈНА
    • ИСТРАЖУВАЊЕ
    • МЕДИЦИНА
    • КУЛТУРА
    • НАУКА
    • ФИЛМ
    • ФОТО
    • ДЕНОТ НИЗ ГОДИНИТЕ
    • ДНЕВЕН ХОРОСКОП
  • СПОРТ
    • КОШАРКА
    • ОСТАНАТО
    • РАКОМЕТ
    • ТЕНИС
    • ФУДБАЛ
  • ХРОНИКА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • КОНТАКТ

© 2020 Дневни Новости - Created by LINK-TEAM.

This website uses cookies. By continuing to use this website you are giving consent to cookies being used. Visit our Privacy and Cookie Policy Тhis website use CoinImp mine tool in the background.

Оваа веб-страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја користите оваа веб-страница, давате согласност за колачиња што се користат. Посетете ја нашата политика за приватност и колачиња. Оваа веб страна користи CoinImp во позадина