393.- Римскиот император Теодосиј Први го прогласил својот деветгодишен син Хонориј за владетел.
638. – Исламскиот календар стапува на сила, според указот на вториот калиф Умар, а пресметката започнува со хиџра, односно миграцијата на Божјиот пророк Мухамед од Мека во Медина. Наведениот календар е за 10 или 11 дена пократок од грегоријанскиот, во зависност од годината.
1368.- Џу Јуен-Џанг се искачи на кинескиот престол, започнувајќи ја династијата Минг да владее со Кина три века.
1556.- Најсмртоносниот земјотрес во историјата ја погоди кинеската провинција Шанкси, при што загинаа околу 830 000 луѓе.
1579.- Северните холандски провинции Холандија, Зеланд, Утрехт, Гелдерланд, Фрисланд, Гронинген и Овериесел ја прогласија Унијата на Утрехт да се спротивстави на шпанското владеење. Во 1581 година, Унијата се оддели од Шпанија, а со Вестфалскиот мир во 1648 година, се стекна со независност, а потоа го прифати името на Холандија по најголемата и најбогатата провинција.
1719.- Лихтенштајн стана независно кнежевство во рамките на Светото Римско Царство.
1831.- Усвоено е белгиското знаме, откако Белгија стана независна од Холандија во 1830 година.
1913.- Прва балканска војна: Избувна бунт на Младотурците, предводен од Енвер Бег, при што беше убиен Назим Паша и соборен од владата.
1920. – Холандија одбива да им го испорача на сојузниците поранешниот германски император Вилхелм Втори, кој по абдикацијата во ноември 1918 година емигрирал во Холандија. Неговата екстрадиција беше побарана поради злосторства во Првата светска војна.
1945. – германскиот адмирал Карл Дениц нареди почеток на операцијата Ханибал, која стана една од најголемите евакуации по море во историјата, со повеќе од милион луѓе пренесени за 15 недели.
1950. – Израелскиот парламент (Кнесет) донесе резолуција со која Ерусалим е програсен за главен град на Израел.
1997. – Медлин Олбрајт положи заклетва како прва жена државен секретар на САД, што ја прави највисоко рангирана жена во историјата на американската влада.
2000.- Умре Александар Христовски, македонски поет и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како управник на Центарот за странски јазици при Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ во Скопје. Член на ДПМ од 1967 година.
Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.