Да бевме правна држава Лукаревска денес ќе излезеше со даночниот биланс на прекршителот со Бентлито?!

Во нормалните европски држави каде што владее правото и правдата едвај чекаат некој од прекршителите на законот од својата комотна сива зона, да излезе на светлина со правење на јавен прекршок.

Во нормалните европски држави каде што владее правото и правдата едвај чекаат некој од прекршителите на законот од својата комотна сива зона, да излезе на светлина со правење на јавен прекршок. Тогаш не се појавува полицијата и Министерот да се “глупираат” со казна од 45 евра колку што вреди една ѕивана на гумата на луксузниот автомобил, туку во игра влегуваат даночниците кои веднаш ја проверуваат имотната состојба на починителот на прекршокот, неговите даночни пријави во изминатите години, колку пари заработил, колку данок платил, од каде му се парите, од кои извори, и на крајот дали се предмет на нелегални активности. Така, досега во светот модерните држави си вратиле голем дел од нелегално стекнатите средства. Не може да возиш автомобил кој што вреди стотици илјади евра, ако немаш платено даноци во вредност од милиони евра. Лесно како бел ден. Само така ќе проработи бројчаникот на Триумфалната и секој еден граѓанин ќе рече дека правдата навистина се спроведува. Нормално доколку Лукаревска има храброст да го направи тоа. Генерално досега таков јунак кој се бори против пајаци и бентлевци во оваа држава нема. Затоа не се појавувајте по медиуми. Се друго е фолирање.Ако еден Ал Капоне падна на неплаканје данок, можат сите наши прекршители на законот кои ги гледаме како беснеат по улиците да ја наполнат државната каса и да си одлежат за тоа за што се барани и имаат кривични пријави.

Инаку, Битолчанец e најбогатиот граѓанин во земјава, а на Стружанец му била исплатена највисока плата. Најмладиот милионер во земјава има само шест години, а најстариот 101 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска на прес-конференција соопшти дека иако скопјани доминираат на листата со највисок доход, сепак на првото место е Битолчанец со остварен годишен доход од 211 милиони 360 илјади 619 денари. На второто место е Скопјанка со годишен бруто доход од 172 мкилиони 166 илјади 358 денари.

– Во споредба со 2018 година кога највисокиот остварен доход беше една милијарда 056 милиони 992 илјади 055 денари има значајно намалување, така што прворангираниот во 2019 година кога би се нашол на листата од 2018 година би бил деветорангиран, рече Лукаревска.

Стружанецот на кого му била исплатена највисока плата работел во индустријата со метали кој пријавил годишен бруто доход од 1,9 милиони евра. На листата на највисоко рангирани бруто плати се и платите исплатени во секторот здравство, аптеки, образование и производство на горна облека.

Највисокото лично примање по друг основ изнесува 48 милиони 511 илјади 454 денари на годишно ниво за привремено извршени услуги кон градежна компанија.

Најголем доход од капитална добивка има остварено Скопјанец кој продал сопственички удел во странска компанија и притоа заработил 88 милиони 352 илјади 113 денари, а највисоката дивиденда му е исплатена на Битолачнец, кој е сопственик ан бизнис од областа на градежништвото.

Самостојното вршење на дејност е најпрофитабилно за скопјани и во 10-те најдобро рангирани се наоѓаат адвокати, извршители и угостители. Земјоделството е најисплатливо во Скопскиот регион каде граѓанин од продажба на сопствени земјоделски производи остварил доход од 32 милиони 345 илјади 815 денари. Највисокиот доход од закуп е остварен во Тетово, а највисокиот доход од авторски права во Скопје. Највисокиот доход од права на индустриска сопственост е остварен во Куманово.

Според податоците на УЈП, Скопјанка од лото обложување и учество во наградни игри заработила 29 милиони 293 илјади 930 денари, а прворангираниот пензионер е од Штип со бруто пензија од 8 милиони 064 илјади денари.

Според директорката на УЈП, иако општите бројки се зголемени, сепак на индивидуално ниво износот на доход кај највисоко рангираните граѓани не ги достигнал износите на доход од 2018 година.

Кај 35.363 граѓани утврден е бруто доход над еден милион денари, додека најголемиот број на граѓани односно 638.210 оствариле бруто доход кој се движи од 100 илјади до еден милион денари.

Во 2019 година шест граѓани оствариле доход над 100 милиони денари што претставува намалување во однос на 2018 година кога имало 31 таков граѓанин. Вкупно 426 граѓани оствариле доход од 10 до 100 милиони денари.

Градоначалникот Петре Шилегов денеска изјави дека казната од 45 евра за возачот на автомобилот со марка „бентли“ кој помина низ новогодишниот декор на скопскиот плоштад е само првична, односно дека против него ќе се поднесе кривична пријава за загрозување на безбедноста на сообраќајот.

Вчерашната снимка беше скандалозна. Глобата од 45 евра која ја објавив вчера не значи дека туку завршува работата околу санкционирање на лицето. Ќе биде поднесена кривична пријава бидејќи има елементи за загрозување на безбедноста на сообраќајот – изјави Шилегов.

Тој истакна дека Јавното обвинителство понатаму ќе постапува во врска со овој случај.

– Ќе го држиме обвинителството под око и ќе ја следиме ситуацијата со овој случај – порача Шилегов.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека е добро тоа што полицијата веднаш постапи по објавеното видео со „бентлито“, кое вози на плоштадот меѓу новогодишната декорација, но според него казната од 45 евра не е доволна.

„Имаме такви неодговорни граѓани, кои, најблаго речено, се однесуваат неодговорно во едни такви услови да се движат на плоштад и на тротоари да паркираат кај ќе им текне“, рече Спасовски.

Спасовски вели дека треба да се размислува за измени во законот, со што казните за вакви активности би биле подрастични и би ги одвраќале сторителите.

Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.

Поврзани Содржини

Следна Содржина

Рубрики

Можеби сте пропуштиле

Одбрано за вас

Најнови содржини