Дневни Новости
Регистрирај се
Мој профил
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
    • ОПШТЕСТВО
    • ПОЛИТИКА
    • КОЛУМНИ
    • ОПШТИНИ
  • СВЕТ
    • БАЛКАН
    • ЕВРОПА
    • ДРУГИ РЕГИОНИ
  • БИЗНИС
  • МАГАЗИН
    • ВИДЕО
    • БИБЛИОТЕКА
    • ЖИВОТ
    • КУЈНА
    • ИСТРАЖУВАЊЕ
    • МЕДИЦИНА
    • КУЛТУРА
    • НАУКА
    • ФИЛМ
    • ФОТО
    • ДЕНОТ НИЗ ГОДИНИТЕ
    • ДНЕВЕН ХОРОСКОП
  • СПОРТ
    • КОШАРКА
    • ОСТАНАТО
    • РАКОМЕТ
    • ТЕНИС
    • ФУДБАЛ
  • ХРОНИКА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • КОНТАКТ
No Result
View All Result
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
    • ОПШТЕСТВО
    • ПОЛИТИКА
    • КОЛУМНИ
    • ОПШТИНИ
  • СВЕТ
    • БАЛКАН
    • ЕВРОПА
    • ДРУГИ РЕГИОНИ
  • БИЗНИС
  • МАГАЗИН
    • ВИДЕО
    • БИБЛИОТЕКА
    • ЖИВОТ
    • КУЈНА
    • ИСТРАЖУВАЊЕ
    • МЕДИЦИНА
    • КУЛТУРА
    • НАУКА
    • ФИЛМ
    • ФОТО
    • ДЕНОТ НИЗ ГОДИНИТЕ
    • ДНЕВЕН ХОРОСКОП
  • СПОРТ
    • КОШАРКА
    • ОСТАНАТО
    • РАКОМЕТ
    • ТЕНИС
    • ФУДБАЛ
  • ХРОНИКА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • КОНТАКТ
Регистрирај се
Мој профил
No Result
View All Result
Дневни Новости
No Result
View All Result
Почетна МАГАЗИН ИСТРАЖУВАЊЕ

Аереозагадувањето рак-рана на македонското опшество, бројките најниски во изминатите седум години

Кои се главните индикатори кои влијаат врз аерозагадувањето побаравме податоци од Министерството за животна средина и просторно планирање. Според нив, нееколошките начини на затоплување на административните згради и на домаќинствата, транспортот и индустријата се меѓу главните фактори кои влијаат врз загадувањето на амбиенталниот воздух.

февруари 21, 2021
во ИСТРАЖУВАЊЕ
3 min read
Аереозагадувањето рак-рана на македонското опшество, бројките најниски во изминатите седум години
Сподели на FacebookСподели на Twitter

  Проблемот со загадувањето на воздухот во земјава е долготраен, а Скопје како главен град неколкупати се наоѓаше на листата топ 10 најзагадени градови во светот. Иако со години и здруженијата и надлежните институции бараат решение за надминување, како и лоцирање на коренот на овој феномен, сепак низ годините се соочуваме со бројни денови во кои се чувствува загаденоста во воздухот.

Кои се главните индикатори кои влијаат врз аерозагадувањето побаравме податоци од Министерството за животна средина и просторно планирање. Според нив, нееколошките начини на затоплување на административните згради и на домаќинствата, транспортот и индустријата се меѓу главните фактори кои влијаат врз загадувањето на амбиенталниот воздух.

Сепак, според податоците кои ги добивме од Град Скопје, главниот град е со најчист воздух во јануари во последните седум години. Според скопските мерни станици, во јануари годинава максималната среднодневна вредност на ПМ10 честичките била 162, за разлика од 2015 година, од кога има релевантни податоци за квалитетот на воздухот, односно кога била 560.

– Податоците од државните мерни станици во Скопје за изминатиот месец покажуваат дека скопјани дишеле најмалку загаден воздух во споредба со истиот месец во последните седум години, посочуваат од Град Скопје, додавајќи дека анализата на концентрациите на ПМ10 честички во Скопје во јануари (од 2015 до 2021) покажува на охрабрувачки трендови по сите статистички показатели.

Бројот на денови на надминување на среднодневната концентрација над граничната вредност (50mg/m3) и среднодневната максимална и минимална концентрација на ПМ10, како што велат, се во пад. Во сите државни мерни станици во Центар, Гази Баба, Ректорат, Ново Лисиче и Карпош, посочуваат од Градот, се бележат најдобрите бројки за првиот месец од последните неколку години.

– На пример, ако во Центар во јануари 2016 година имало 26 денови со среднодневни концентрации над горната вредност, во 2021 имало 13 такви денови. Најзагадениот ден (со максимална среднодневна концентрација на ПМ10 честочки) во Центар во јануари 2017 имал 482.40 PM10 честици на метар кубен, а во јануари 2021 три и пол пати помалку, односно – 141.30, наведуваат од Градот.

За Градот секоја следна година е со помала вредност, односно, според нив се работи за тренд, а не за инцидент.

– Доколку направиме корелација помеѓу бројките на загадувањето и тие на метеоролошките прилики, средната брзина на ветерот била константна сите години, а иако постојат разлики во средната температура и количеството на врнежи, истите не можат да се посочат како директо заслужни за падот на загадувањето, велат од Градот.

И податоците од Гази Баба, Карпош и Лисиче, како што посочуваат од Градот, укажуваат на најмал број денови со среднодневни концентрации над горната вредност, на најниска минимална среднодневна концентрација и на најниска максимална среднодневна концентрација во последните седум години.

– На пример, највисоката максимална среднодневна концентрација (назагадениот ден во јануари) во последните седум години во Гази Баба била во 2015 со 622.70 mg/m3 ПМ10 честички, а во 2021 нивниот број бил 143.90, или четири ипол пати помалку. Највисоката максимална среднодневна концентрација во последните седум години во Карпош била во 2017 со 525.30 mg/m3 ПМ10 честички, а во 2021 – 144.80 mg/m3 ПМ10. Највисоката максимална среднодневна концентрација во последните седум години во Лисиче била во 2015 – 644.00 mg/m3 ПМ10, а во 2021 – 219,70 mg/m3 ПМ10, наведуваат оттаму.

Падот на загадувањето, според Град Скопје, е видлив не само за месец јануари, туку и на годишно ниво, со, како што велат, постојано намалување на вредностите на ПМ10 честички.

– Главниот град се поретко може да се најде на неофицијалните топ-листи на приватни мерни станици на најзагадени градови во светот, како што беше случај порано. Ниту пак, оваа сезона беа воведувани вонредни мерки. Во овие денови (три во 2017 и 2018 а еден во 2020 година) одредени категории на граѓани беа ослободувани од работа, се воведуваше бесплатен превоз, се зголемуваше цената на паркингот, со цел намалување на штетите гасови и последиците од нив. И официјалните статистички податоци на Министерството за животна средина и просторно планирање потврдуваат загадувањето во Скопје постепено се намалува, а дека впечатокот на граѓаните се исправува, сметаат од Градот.

На што се должи ова, и дали воопшто се работи за тренд или намалувањето на загадувањето на воздухот е резултат на пандемијава со Ковид-19, побаравме одговори од МЖСПП.

Оттаму велат дека се работи за континуирано преземање мерки во последните две години преку кои се делувало на изворите на загадување.

– Се изврши замена на нееколошки системи на затоплување во некои административни и здравствени објекти како што е Поликлиниката во Чаир, се доделија субвенции за замена на затоплувањето со стари печки во домаќинствата со инвертор клими (за пет илјади домаќинства во Скопје), се доделија субвенции за дел од училиштата и градинките во кои се заменија системи на затоплување со еколошки, се подобри изолацијата за да не се губи топлината, а се доделија и субвенции за фотоволтаични панели, посочија за МИА од МЖСПП.

Но, исто така, додаваат, мора да се спомене дека изминативе неколку месеци има голем напредок во инспекторирањето, бидејќи, како што посочуваат, со отварање на можност јавноста директно да пријавува појава на загадување до Државниот инспекторат за животна средина и со организирање на комбинирани инспекциски служби се направиле голем број на контроли врз детектираните извори на загадување. Според нив, факт е и дека дополнително во текот на оваа сезона имавме и поповолни временски услови.

– Владата и оваа година усвои Програма за намалување на аерозагадувањето, а и самите министерства во своите програми имаат активности со кои делуваат на намалување на аерозагадувањето. На пример Министерство за економија распиша Програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2021 година и Програма за субвенционирање на дел од трошоците за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, посочуваат од Министерството.

МЖСПП во рамки на своите ингеренции, како што велат, работи на измени во законската регулатива.

– За справување со проблемите со загадувањето на воздухот МЖСПП изготви и предложи измени на Законот за квалитет на амбиентниот воздух со кои се утврдија критериуми и донесување на Листа на општини кои ќе мораат да изготват Планови за чист воздух за своите граѓани. Дополнително, согласно ЕУ законодавството, се пропиша обврска за донесување на Краткорочни акциски планови во периодите кога имаме високи концентрации на загадување во одредени општини, кои ќе мора да бидат одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање и да содржат конкретни задолжителни мерки кои се однесуваат на транспортот, индустријата, ранливите групи, работното време и така натаму, велат од МЖСПП.

Според нив, она што е новина и воедно што отвора можности за надминување на административните закочувања на реализацијата на итните мерки е можноста доколку општините не ги спроведат овие мерки, Владата да може да предвиди стапување на сила на вакви рестрикции не само како препораки, туку како наредби.

– Предлогот за измени на Законот на амбиентален воздух е влезен во собраниска процедура. Со усвојување на предлог измените во законите во областа животна средина (кои исто така се во собраниска процедура) се очекува и зголемување на казните за сторителите на прекршоци во животната средина до 20 пати со што се очекува одвраќачки ефект на сторителите на еколошки прекршоци, посочуваат од Министерството.

Во однос на преземените активности од страна на МЖСПП, новитет е што од 2 февруари на нивно барање, Министерството за економија, согласно Законот за општа безбедност на производите, ги вклучија во Листата на стандарди со чија употреба се смета дека производот е безбеден, стандардите за цврсти биогорива. Со објавување на дополнетата листа на стандарди во Службен весник, додаваат од МЖСПП, овие стандарди стануваат задолжителни и за производителите и за трговците.

– На тој начин се воведува регулирање на квалитот на цврстите горива што се користат во државата, со што ќе се влијае на подобрување на квалитетот на воздухот, на животната средина и на здравјето на луѓето, нагласија за МИА од Министерството.

Посочуваат дека интензивно работеле на доопремување и замена на резервни делови на Државниот мониторинг систем за квалитет на амбентниот воздух, а набавена е една сосема нова мониторинг станица во Гевгелија и комплетно заменета моноторинг станицата во Битола.

– Во моментот, МЖСПП работи на изработка на листа на административни објекти во сите општини во државата и приоритизација на објекти за кои е потребната замена на нееколошките системи за греење. Во план е подготовка на планови за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со Акциски план за општините: Кавадраци, Гостивар, Кичево и Кочани, како и подготовка на катастри на загадувачи на воздух во општините Кичево, Кочани, Струга, Битола, Прилеп и Гевгелија. Во првата половина на 2021 се очекува набавка две нови мониторинг станици и резевни делови за мониторинг системот, информираат од Министерството.

Неделава што измина, Државниот завод за ревизија објави извештај за квалитетот на воздухот кој укажува дека со преземените активности во последните три години иако претставуваат позитивен чекор, не се постигнати посакуваните ефекти во намалување на загадувањето на воздухот.

– Проблемот со загадувањето на воздухот во земјава бара системски интегриран пристап од сите засегнати страни (институциите на централно/локално ниво, приватниот сектор и граѓаните) на подолг рок. Надзорот и контролата се на ниско ниво, а се уште многу мал дел од буџетските средства на централно и локално ниво се издвојуваат за реализирање на мерките содржани во планските документи, поради што тие во најголем дел остануваат не спроведени, се наведува во конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Квалитет на воздухот – кооперативна ревизија“.

ДЗР изврши ревизија на спроведувањето на дадените препораки содржани во Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на успешност од 2017 година на тема „Квалитетот на воздухот“ со цел да се оцени степенот на имплементација на препораките и соодветноста на преземените мерки.

– Со ревизијата утврдуваме дека од десет препораки дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор, една препорака е спроведена, три препораки се во тек на спроведување, четири препораки се делумно спроведени и две препораки не се спроведени. Со новата поставеност на Интерсекторската група за квалитет на воздухот е подобрена институционалната соработка, управувањето и координирањето на централно и локално ниво, а со укинување на Комитетот за јавно здравје е избегнато преклопувањето на надлежностите на двете тела кои во претходниот период на ревизија имаа слични надлежности, се наведува во Извештајот на ДЗР.

Посочуваат дека институциите кои се главни носители за креирање и спроведување на политиките за подобрување на квалитетот на воздухот на централно и локално ниво и понатаму се соочуваат со недостиг на соодветен, постојан и стручен кадар.

Средствата кои се издвојуваат за финансирање на мерките во планските документи на централно и локално ниво не се доволни за намалување на загадувачките супстанци. Според податоците од ДЗС, учеството на инвестициите и трошоците за заштита на воздухот во БДП во извештајниот период 2017-2019 година е намалено во однос на претходните години и изнесува 0,03 отсто, а во вкупните инвестиции и трошоци за животната средина учествуваат со два отсто за 2017 и 2018 година, односно 2,6 отсто за 2019 година. Ова е причина, што и понатаму просечните годишни концентрации на РМ 10, во голема мера ги надминуваат утврдените гранични вредности во сите мерни станици, освен станицата во Лазарополе.

– Иако е констатиран одреден напредок во однос на изработката на планските документи на локално ниво (покрај плановите за агломерација Скопски регион и општините Битола и Тетово, донесени се планови и за општините Струмица, Велес и Кичево), и понатаму најголем број на општини каде нивоата на загадувачки супстанции ги надминуваат граничните вредности немаат изготвено планови за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. Поради недоволниот административен капацитет на надлежните институции, мониторингот над имплементацијата на мерките во планските документи се врши нередовно и нецелосно, односно ад хок и по барања од засегнатите страни (ЕУ, медиуми и граѓанскиот сектор). И понатаму, не е обезбедена целосност на податоците за Катастарот на загадувачи од причина што повеќе од 50 отсто од операторите кои поседуваат А и Б интегрирани еколошки дозволи немаат доставено податоци, се наведува во Извештајот.

За надминување на утврдените состојби, од страна на ревизијата дадени се насоки за понатамошно постапување на Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина и ЕЛС за: зајакнување на административниот капацитет, донесување на предложените законски решенија за квалитетот на амбиентниот воздух и инспекцискиот надзор во животната средина, воспоставување на сеопфатен Национален информативен систем за животна средина и целосна база на податоци за Катастарот за животна средина, систем за подготовка и следење на планските документи и обезбедување на потребните финансиски средства за нивна реализација.

Оваа година, пак, според Здружението Еко-Свест, аерозагадувањето повторно покажува критични бројки, особено во главниот град.

– Потребно е ние граѓаните да се бориме аргументирано со цел институциите да заземат поголем интерес во решавање на овој голем проблем. Тоа значи дека од институциите се бара стратегија за праведна енергетска транзиција, зелени алтернативи за транспорт, како и праведни законски регулативи за ефикасно загревање на домаќинствата, истакнуваат од Еко-Свест.

Што возиме, на какво гориво се возиме, каков превоз користиме, на што се грееме, што правиме со штетниот отпад, дали користиме обновливи извори на енергија, каква индустрија не опкружува, дали учествуваме во носење на одлуки важни за заедницата во која живееме, се главните прашања кои Еко-свест порачува да си ги постават граѓаните, но и надлежните институции за намалување на загаденоста на воздухот.

Марија Спасовска

 

Доколку ја превземете оваа содржина, Вие ги прифаќате Услoвите за Користење на порталот ДНЕВНИ НОВОСТИ.

Tags: аерозагадувањемакедонијаСкопје
СподелиTweetИспрати
Претходна Содржина

Филипче:Пријавени се преку 90 000 граѓани за вакцинирање, кога ќе пристигнат вакцините ќе започне масовно вакцинирање

Следна Содржина

Светски анти-КОВИД шампиони: Израел ја отвора економијата по масовната вакцинација

Поврзани Содржини

Балкан Ковид мерки: Грчката Влада со 330 милиони евра ќе ги поддржи угостителите што се затворени веќе пет месеци
БАЛКАН

Балкан Ковид мерки: Грчката Влада со 330 милиони евра ќе ги поддржи угостителите што се затворени веќе пет месеци

април 2, 2021
Боико Борисов ви нуди шарени бермуди-без маска-без дистанца, со пакетче брашно
ФОТО

Боико Борисов ви нуди шарени бермуди-без маска-без дистанца, со пакетче брашно

април 2, 2021
Успешно заврши трилатерална обука на специјалните сили на Грција, САД и С.Македонија
БАЛКАН

Успешно заврши трилатерална обука на специјалните сили на Грција, САД и С.Македонија

март 30, 2021
Спортот денес:Први бодови за македонската репрезентација во квалификациите за СП 2022,Милан ќе потроши 100 милиони евра на засилувања
ОСТАНАТО

Спортот денес:Први бодови за македонската репрезентација во квалификациите за СП 2022,Милан ќе потроши 100 милиони евра на засилувања

март 29, 2021
Северна Македонија-една година во НАТО, придобивки и просперитет
МАКЕДОНИЈА

Северна Македонија-една година во НАТО, придобивки и просперитет

март 27, 2021
29 починати, 722 оздравени пациенти, нови 1.264 случаи со Ковид-19
ВЕСТ НА ДЕНОТ

29 починати, 722 оздравени пациенти, нови 1.264 случаи со Ковид-19

март 26, 2021
Следна Содржина
Светски анти-КОВИД шампиони: Израел ја отвора економијата по масовната вакцинација

Светски анти-КОВИД шампиони: Израел ја отвора економијата по масовната вакцинација

Дали Хрватска ќе ја блокира Србија, како Бугарија Македонија, за филмот “Дара од Јасеновац”(ексклузивно цел филм)

Дали Хрватска ќе ја блокира Србија, како Бугарија Македонија, за филмот "Дара од Јасеновац"(ексклузивно цел филм)

Во Европа највеќе се стравува дека владите брутално ќе ги укинат КОВИД мерките за помош

Во Европа највеќе се стравува дека владите брутално ќе ги укинат КОВИД мерките за помош

Пронајден е Сашо Мијалков?!(видео)

Пронајден е Сашо Мијалков?!(видео)

Рубрики

Imunix Imunix Imunix

Можеби сте пропуштиле

Прес-конференција на Гордана Димитриеска-Кочоска за „Еуростандард банка“

Прес-конференција на Гордана Димитриеска-Кочоска за „Еуростандард банка“

8 месеци ago

Шекеринска на свечената заклетва и на промоцијата на питомци на Воената академија

6 месеци ago
Доналд Трамп

Трамп првпат се појавува во јавност по насилниот упад во Конгресот

3 месеци ago
Денот низ годините

Денот низ годините. 12 јануари

3 месеци ago

Најчитани содржини

  • Пет филмови во кои актерите имале вистински се*с!(видео)(18+)

    Пет филмови во кои актерите имале вистински се*с!(видео)(18+)

    0 Споделувања
    Сподели 0 Tweet 0
  • Скопјанка го бувна швалерот сосе слики од жена му на фејсбук?!-каде отиде умот од коронава

    0 Споделувања
    Сподели 0 Tweet 0
  • Ова е главната причина зошто жените стенкаат за време на се*с!

    0 Споделувања
    Сподели 0 Tweet 0
  • Македонски еротски приказни: Го поминав цел ракометен шампионски тим(18+)

    0 Споделувања
    Сподели 0 Tweet 0
  • (Најново) Еве како финансиската помош од понеделник ќе се исплаќа со четвртиот пакет на граѓаните

    0 Споделувања
    Сподели 0 Tweet 0
No Result
View All Result

Одбрано за вас

(Ексклузивно)Што мислел БОКИ 13 за покондираните “сељаци”кои подоцна ќе ги одере со рекет-необјавена колумна(видео)

БАЛКАН:БСП ќе поддржи нова влада, предводена од Слави Трифонов, во коалиција со „Дeмократска Бугарија“ и „Стани. Излези!“

ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР, АРМ, ЈСП И ГРАДИНКИТЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ СО РУСКАТА „СПУТНИК“

Слави Трифонов, реалниот победник на изборите соопшти дека има симптоми на Ковид-19 и е изолиран

Мијалков во Лондон не договарал набавка на опрема за УБК, тврди неговата одбрана

КОВИД ВЕСТИ ЕВРОПА:ЕМА ќе испита дали испитувањата на Спутник В се во согласност со стандардите

Најнови содржини

“Измамник-агент за недвижности”:За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности
ХРОНИКА

“Измамник-агент за недвижности”:За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности

април 10, 2021
0

За еден ист стан во Скопје капар плаќаат тројца купувачи, пријавен агент за недвижности   Скопје, 10...

ФИЛИПЧЕ:Пикот е зад нас, мерките да се почитуваат и да се остане дома за празниците

ФИЛИПЧЕ:Пикот е зад нас, мерките да се почитуваат и да се остане дома за празниците

април 10, 2021
ДКСК отворила случај за владините хонорарци, ќе ги бара нивните имиња

ДКСК отворила случај за владините хонорарци, ќе ги бара нивните имиња

април 10, 2021
Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки

Нови 1.174 случаи на КОВИД, оздравени 811 пациенти и починати 42 лица

април 10, 2021
НОВ ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Дали преку обложувалници се переле пари?!Проверете си ја даночната пријава!

НОВ ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Дали преку обложувалници се переле пари?!Проверете си ја даночната пријава!

април 10, 2021
Дневни Новости

Дневно-информативен портал
Членка на Советот за етика во медиумите на Македонија

СЕММ СЕММ СЕММ

Импресум

Дел Рио ДООЕЛ

Друштво за филмска продукција и дистрибуција

Адреса: Ул. Петар Драганов бр.4 1000 Скопје Република Македонија

Прочитај повеќе

Потребни линкови

  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Маркетинг
  • Кариера
  • Контакт

Фан страна:

Следете не на социјални медиуми:

  • Политика за приватност
  • Услови за користење
  • Маркетинг
  • Кариера
  • Контакт

© 2020 Дневни Новости - Created by LINK-TEAM.

No Result
View All Result
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
    • ОПШТЕСТВО
    • ПОЛИТИКА
    • КОЛУМНИ
    • ОПШТИНИ
  • СВЕТ
    • БАЛКАН
    • ЕВРОПА
    • ДРУГИ РЕГИОНИ
  • БИЗНИС
  • МАГАЗИН
    • ВИДЕО
    • БИБЛИОТЕКА
    • ЖИВОТ
    • КУЈНА
    • ИСТРАЖУВАЊЕ
    • МЕДИЦИНА
    • КУЛТУРА
    • НАУКА
    • ФИЛМ
    • ФОТО
    • ДЕНОТ НИЗ ГОДИНИТЕ
    • ДНЕВЕН ХОРОСКОП
  • СПОРТ
    • КОШАРКА
    • ОСТАНАТО
    • РАКОМЕТ
    • ТЕНИС
    • ФУДБАЛ
  • ХРОНИКА
  • РЕЗУЛТАТИ
  • КОНТАКТ

© 2020 Дневни Новости - Created by LINK-TEAM.

This website uses cookies. By continuing to use this website you are giving consent to cookies being used. Visit our Privacy and Cookie Policy Тhis website use CoinImp mine tool in the background.

Оваа веб-страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја користите оваа веб-страница, давате согласност за колачиња што се користат. Посетете ја нашата политика за приватност и колачиња. Оваа веб страна користи CoinImp во позадина