Услови за користење

Прифаќање на условите за користење

Со пристапот на интернет страницата www.dnevninovosti.mk ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата www.dnevninovosti.mk.

Дневни Новости го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови.

Секоја промена или дополнување на Условите за користење се применува од денот на
објавувањето.

Право на користење

Посетителите на интернет страницата www.dnevninovosti.mk имаат право на увид во сите објавени содржини со помош на своите интернет пребарувачи само за лично информирање.

Посетителите на интернет страницата www.dnevninovosti.mk немаат право на никаков начин да ги преземаат содржините, целосно или делумно и да ги отстапуваат на трети лица, да ги складираат во електронска или каква било друга форма, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални намени, без изричито писмена согласност од Дневни Новости.

Точност на содржините

Содржината на интернет страницата www.dnevninovosti.mk изработена е во склад со професионалните новинарски и технички стандарди. Дневни Новости не е одговорен за евентуални директни или индиректни последици од употребата на тие содржини.

Заштита на авторските и сродни права

Интернет страницата www.dnevninovosti.mk, нејзините содржини, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright).

Информативните содржини на интернет страницата www.dnevninovosti.mk, меѓу другото, се дел од Базата на податоци на Дневни Новости. Таа база на податоци е сопственост на Дневни Новости и во согласност со Законот за заштита на авторски и сродни права е заштитена како самостојно авторско дело.

Дел од информативните содржини на интернет страницата www.dnevninovosti.mk создаваат информации кои се интелектуална сопственост на деловните партнери на Дневни Новости.

Интернет страницата www.dnevninovosti.mk содржи заштитени жигови, знаци и називи на друштвото, вклучително и жигот и називот Дневни Новости. Заштитените жигови,
знаци и називи на друштвото не смеат да се користат без изричито писмена согласност од Дневни Новости.

Заштита на приватноста и тајност на податоците

Интернет страницата www.dnevninovosti.mk ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се дотапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со Закон.

Врски (линкови) до други интернет страници

Некои од врските (линковите) на интернет страницата www.dnevninovosti.mk водат кон интернет страници и сервиси на други извори на информации и информирање. Дневни Новости на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници и сервиси.

Доколку други интернат портали објавуваат вест, фотографија или видео, сопственост на Дневни Новости треба задолжително да постават врска (линк) до оригиналната вест објавена на интернет страницата www.dnevninovosti.mk.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Секое неовластено објавување на вести, фотографии или видео, во друг медиум (печатен,електронски или интернет портал), Дневни Новости, објавува дека чини 30.000 денари без пресметан ДДВ, по едно објавување на вест, фотографија или видео.

Тој што неовластено ќе објави вест, фотографија или видео, се согласува на овие услови.

За секое неовластено објавување Дневни Новости ќе достави фактура до објавувачот со рок на плаќање од 8 дена.

Во случај фактурата да не биде платена во утврдениот рок, ќе биде пресметана законска, казнена камата и ќе биде поведена постапка за присилна наплата против неовластениот објавувач.