Изјава за приватност

Изјава за приватност

Дневни Новости ја почитува приватноста на корисниците на своите информативни објави и услуги, како и приватноста на посетителите на интернет страницата www.dnevninovosti.mk.

Собирањето, чувањето, користењето и поништувањето на личните податоци се одвива во согласност со Законот за заштита на личните податоци (Сл.Весник бр.7/2005).

Сите лични податоци кои се добиени во електронска или друга форма во редакцијата на порталот www.dnevninovosti.mk, како и податоците кои лицето ги внело во обрасците и формуларите на интернет страницата www.dnevninovosti.mk, се смета дека се добиени со согласност на тоа лице.

Дневни Новости не е одговорен за последиците, материјална или друга штета која може да се јави кај лицето и кај друго физичко или правното лице, доколку лицето даде/внесе неточни или нецелосни податоци.

Личните податоци се добиени единствено и исклучиво заради непречено обезбедување и доставување на информативни објави и услуги на Дневни Новости на испитаникот/корисникот или на посетителот на интернет страницата www.dnevninovosti.mk.

Дневни Новости ги чува личните податоци на испитаникот/корисникот само додека трае обврската поради која податоците се добиени. Кога ќе престане договорниот или друг вид на однос помеѓу Дневни Новости и лицето испитаник/корисник, сите лични податоци трајно се отстрануваат од Збирката лични податоци на Дневни Новости, во рок од 90 дена.

Дневни Новости се обврзува обработката на личните податоци да не ја поверува, ниту нив да ги отстапува на трети лица.

Личните податоци на корисниците на информативните објави и услуги на Дневни Новости и на посетителите на интернет страницата www.dnevninovosti.mk, не се достапни за трети лица, освен во случаеви кога тоа е поинаку пропишано со Закон.

Личните податоци на корисниците на информативните објави и услуги на Дневни Новости и на посетителите на интернет страницата www.dnevninovosti.mk, нема да се користат, ниту ќе бидат отстапени за рекламни, маркетиншки и слични деловни намени.